Морската вода поради содржината на минерални соли има благотворно дејство на слузницата на горните дишни патишта. Со влегување во клетките д-пантенолот се претвора во пантотенска киселина која влегува во состав на коензимот А и доведува до побрзо обновување на кожата и слузницата. Морската вода во комбинација со д-пантенол ја регенерира оштетената носна слузница, ја снабдува со важни олигоелементи и го спречува нејзиното исушување.
Aqua Maris® Plus спрејот за нос се препорачува кај лица:
- со оштетена и/или сува слузница,
- кои живеат и работат во климатизирани и загревани простории
- кои често патуваат и поминуваат време во затворени превозни средства (авион, воз, автобус, автомобил…) и
- кои се изложени на прекумерно исушување на слузницата на горните дишни патишта (долготрајно користење на назални кортикостроиди, пушачи, пеачи, професионални возачи…).





