Таблетите за џвакање ГастроГард се користат за ублажување на желудочните тегоби поврзани со:
- нарушено варење на храната, вклучувајќи и нарушено варење на храната во текот на бременоста;
- прекумерно консумирање храна и пијалаци;
- гастритис, улкусна болест, рефлуксен езофагитис;
- нарушувања на црниот дроб или на жолчното ќесе.
Употреба: Возрасни и деца над 12-годишна возраст: Една или две таблети се џвакаат или се лижат вообичаено еден час по главните оброци или пред спиење, или при појава на тегобите.





