Ice Power Cold gel / е оригинален, проверен и сигурен ладен гел којшто помага за брзо и ефикасно отстранување на болката и воспаленијата. Благодарение на ладниот ефект од природниот состав богат со ментол, етанол и етерични масла се намалува температурата на површината на кожата за 5 до 7 степени што овозможува смалување на отоците, ослободување на мускулната напнатост и забрзување на процесот на опоравување од повреди. ICE POWER COLD GEL е безбеден и за долготрајна употреба кај деца, бремени жени, доилки и возрасни лица при истегнувања, изместувања, спортски повреди, модринки, болки во вратот, рамениот појас, грбот и крстот, ревматски болки, болки при растење, мускулни тегоби, артрози, рахитис и скршеници.
- безбедно отстранување на болката, без примена на лекови
- соодветен за целото семејство
- ефективни компоненти: ментол и етанол
- клинички докажана ефикасност*
Ice Power Cold gel, соодветен за:
- болки во вратот и рамењата
- главоболка, пропратена со мускулна тензија (притисок)
- болки во грбот, поврзани со мускулите
- болки при раст, кај деца
- невралгии (болки поврзани со нервите)
- рехабилитација и физички вежби





