Joint Support Max е нова, уште помоќна верзија на оригиналниот Joint Support за зглобови, со нагласено антиинфламаторно дејство. Во својата дневна доза содржи дури 12.000 mg куркума и неверојатни 12.000 mg колаген тип 1, 2 и 3, што во моментов го прави најдоминантен производ од овој тип на пазарот. Доколку вашите болки во зглобовите се придружени со постојана воспалителна состојба, тогаш ова е производ кој дефинитивно треба да го земете предвид. Со додаток на хијалуронска киселина, глукозамин, MSM, хондроитин и мултиминерален комплекс, претставува навистина импресивно достигнување во борбата против болните зглобови.
Начин на употреба:
Протресете го шишето пред употреба. Испијте 15 ml или 25 ml наутро (мерната чашка се наоѓа на капачето). 15–25 ml е препорачана дневна доза. По потреба испијте вода. Користете секојдневно.



