Dr.Theiss Mucoplant Мукоплант сируп од бршлен
Мукоплант сирупот од бршлен е хербален препарат кој го разредува секретот и го олеснува искашлувањето. Активниот екстракт од лист од бршлен содржи сапонини (хедеракозид и алфа-хедерин) кои делуваат муколитично и експекторансно – ја намалуваат густината на слузта, го зголемуваат нејзиното излачување и помагаат полесно да се исфрли од дишните патишта.Дополнително, придонесува за опуштање на бронхиите, што го олеснува дишењето.
Препорачани дози се:
- возрасни и адолесценти над 12 години: 15 ml три пати дневно.
- деца помеѓу 6-11 години: 15 ml два пати дневно.
- деца помеѓу 2-5 години: 10 ml два пати дневно.





