Сирупот се користи за симптоматски третман на кашлица при акутни и хронични воспаленија на дишните патишта. Делува како експекторанс, го олеснува искашлувањето и ги смирува бронхиите.
Содржи сув екстракт од лист од бршлен (7 mg/ml) и не содржи алкохол, шеќер и бои.
Дозирање:
- деца 1–5 години – 2,5 ml 3 пати дневно;
- деца 6–9 години – 5 ml 3 пати дневно;
- над 10 години и возрасни – 5–7,5 ml 3 пати дневно.
Терапијата обично трае најмалку 1 недела.





