Содржи калциум (во форма на калциум цитрат), витамин Д3 и витамин К2 (Menaquinone MK7), за потреби кај состојби со намалена густина на коските. Допринесува за одржување на нормални коски
Калциумот е есенцијален елемент одговорен за нормален метаболизам на коските. Адекватен внес на калциум е важен за превенција на остеопороза и за одржување на здрав коскен систем во сите возрасти. За апсорпција на калциум цитрат не е неопходна кисела средина, па може да се зема независно од внесот на храна
Витаминот Д игра важна улога во апсорпција на калциумот и здрави коски
Витаминот К2 помага во подобрување на здравјето на коските и го намалува ризикот од остеопороза.
Употреба:
- 1 кесичка дневно. Во пола чаша вода (околу 125 мл) растворете ја содржината на кесичката, добро промешајте со лажица додека прашокот не се раствори и потоа веднаш испијте ја течноста.





